Македонија
12. September 2017 - 16:28

Словенечкиот претседател на Парламентот во посета на Македонија

Словенија ќе продолжи да ја поддржува Македонија во евроинтеграциските процеси.

Ова денеска од Скопје го порача Претседателот на словенечкиот Државен збор, Милан Брглез кој е во официјална посета на земјава.

На средбата со домаќинот Талат Џафери, се разговарало за подобрување на соработката меѓу двете држави.

Според Брглез, забавениот интеграциски процес на Македонија е резултат на расколот во Европската унија помеѓу Истокот и Западот.