Македонија
3. April 2018 - 18:22

Словенечкиот премиер Миро Церар во официјална посета на Македонија

Премиерот Заев очекува датум за почеток на преговори за членство во ЕУ  со последниот извештај на ЕК. Тој потврди дека на 18 април еврокомесарот Хан и високата представничка на ЕУ Могерини доаѓаат во Скопје. Силна поддршка за членство и напредок на земјата Заев добил и  од словенечкиот премиер во оставка Церар кој е во дводневна посета на Македонија.

Словенечкиот премиер го поздравува интезивираниот процес на преговори за решавање на спорот со Грција и смета дека се созреани условите за изнаоѓање на решение.

Двајцата премиери на тет а тет средбата разговарале и за трговската размена помеѓу двете земји како и за словенечките инвестиции во Македонија. Ги радува фактот што размената на стоки е зголемена како и соработката меѓу стопанствениците. Во официјалната делегација на Церар е министерот за економија на словенечката влада како и голем број стопанственици кои ќе учествуваат на утрешната бизнис конференција во Стопанската комора која ќе ја отворат двајцата премиери.