Балкан
23. April 2021 - 15:51

Словенечката Влада со препорака до граѓаните да не патуваат, посебно во Хрватска

Словенечката Влада апелира до граѓаните да ги одложат патувањата во странство, посебно во Хрватска. Владата оцени дека епидемиолошката состојба во Словенија покажува мало закрепнување, но оти е кревка, како и дека во некои соседни земји ситуацијата е полоша.

Претставникот на словенечкото Министерство за надворешни работи Андреј Штер на прес-конференција истакна дека се уште е во сила препораката на државните органи да се одложат сите несуштински патувања. Тој додаде дека ова посебно се однесува на претстојните првомајски празници, како и на оние кои имаат планираат да патуваат во Хрватска.

– Желбата на повеќето Словенци е да патуваат во Хрватска, но таа држава се наоѓа во тешка ситуација со голем број заразени лица и оптоварен здравствен систем, наведе рече Штер.

Тој додаде дека тие кои би сакале да патуваат во Хрватска да не очекуваа таму „идилична туристичка ситуација”, како и дека за преминувањето на границата во двата правца потребен е негативен тест на Ковид-19.