Македонија
29. August 2018 - 18:23

Словенечката министерка за одбрана со поддршка за успех на референдумот

Словенечката министерка за одбрана која се наоѓа во посета на Македонија изрази надеж дека македонските грагани ќе го направат вистинскиот избор на референдумот и наскоро земјата ќе стане полноправна членка на НАТО, порача  словенечката министерка за одбрана која се наога во посета на македонија.

- Словенија го поздравува договорот со Република Грција. Се разбира дека требало попуштање и од двете страна, но јазикот ќе остане и натаму македонски, националноста македонска и се надевам дека македонските граѓани на референдумот ќе го направат вистинскиот избор, изјави министерката Катич на заедничката прес-конференција со нејзината македонска колешка Радмила Шекеринска.

Министерката Шекеринска истакна дека Словенија е пример за успех во регионот и дека Македонија треба да ја следи таа формула.

- Македонија и Словенија по независноста избраа ист пат, но за жал со различна брзина. Словенија беше државата која прва стана членка на НАТО и прва се приклучи на ЕУ. И не случајно е што Словенија ги има највисоките и просечни и минимални плати во регионот и најдобрите стандарди во делот на областите што се важни за граѓаните. Примерот со Словенија е најдобар показател за формулата за успех и за нас., истакна министерката Шекеринска.

Двете министерки денеска потпишаа Меморандум за соработка во секторот на одбраната меѓу двете земји.