Кошарка
4. September 2015 - 13:12

Словенците го „окупираа“ Загреб

 
Домаќинот, кошаркарската репрезентација на Хрватска во саботата во 21ч го игра премиерниот дуел на ЕП против селекцијата на Слованија, 
Загрепската Арена од поодамна е распродадена за соседското дерби, а словенечката железница организираше навивачки воз кој ќе тргне од Љубљана во сабота попладне. 
Се очекува со воз да пристигна 1600 навивачи  а вкупно за Словенците се обезбедени 3100 влезници. Се претпоставува дека се купени уште 2 000 во слободна продажба што значи на трибините се очекуваат вкупно 5 000 навивачи во зелени дресови.