Македонија
12. September 2017 - 8:31

Словачки грантови за УКИМ и Црвен крст

Словачкиот амбасадор Мартин Безак денска ќе им додели микрогрантови од по 10 илјади евра на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Црвениот крст на град Скопје.

Микрогрантот за УКИМ е наменет за купување на мебел, компјутерска опрема и климатизација за Институтот чии простории беа погодени од катастрофалниот пожар на 21 април годинава.

Со микрогрантот за Црвениот крст на град Скопје, пак, во наредните шест месеци ќе се обезбеди комплетна здравствена и социјална грижа за 180 лица во трето доба во дневните центри во Центар, Чаир и Сарај.