Словачката полиција уапси осомничени за убиството на новинарот Јан Куцијак
Полицијата во Словачка денеска приведе осомничени за убиството на новинарот Јан Куцијак и неговата свршеница Мартина Кушнирова.
Информацијата ја објави Словачкото радио, според кое, акцијата почнала рано утрово и се уште е во тек.
- Полициски специјални сили уапсија осомничени за злосторството. Во моментов се спроведуваат претреси во нивните домови, потврди на Фејсбук прес-службата на полицијата, без да соопшти детали.
Јан Куцијак (27) беше застрелан на 21 февруари заедно со неговата свршеница Мартина Кушнирова во селото Велка Мача, западна Словачка. Новинарот откри корупциски шеми во владејачките структури на земјата и објави дека двајца високи функционери од владини служби контактирале со италијанската мафијашка група „Ндрангета“. Тоа предизвика општествено - политичка криза во земјата. Премиерот Роберт Фицо поднесе оставка и на негово место дојде Петер Пелегрини.
Смртта на словачкиот новинар беше петтото убиство на новинар во земја-членка на ЕУ во последните 10 години.
Ново на Сител
-
Словенија поддржува „ковид пасоши“
-
Сообраќајот на патот Крива Паланка - Деве Баир во прекин поради сообраќајка
-
Руски специјалист за коронавирусот: На пролет нема да има друг бран, ќе се формира доволно ниво на имунитет
-
Шахпаска: Се работи на законското решение, недела да биде неработен ден
-
Инспектори од ДСЗИ во придружба на полицијата влегоа во контрола кај гинекологот од Струга
-
Пендаровски и Заев им ја честитаа победата на ракометарите и пласманот во главната фаза
-
На градските гробишта во Велес погребана Љупка Мијакова Буба, доајенот на велешкото радио спикерство
-
Македонија оди во наредната фаза на СП во ракомет