Словачка во следните два викенда ќе им направи ковид-тестови на сите граѓани постари од 10 години
Словачка на коронавирус планира да ги тестира сите свои жители на возраст на десет години, објави словачкиот премиер Игор Матовиќ на денешната прес-конференција.
Сè уште не е јасно дали ваквото национално тестирање ќе биде задолжително или доброволно.
„Децата на возраст под десет години нема да мора да бидат тестирани, рече Матовиќ“, објаснувајќи дека така е одлучено врз основа на советите на педијатрите.
Тестирањето треба да се спроведе во текот на следните два викенда. Програмата ќе започне во жариштата на епидемијата следниот викенд и ќе продолжи во остатокот од земјата на 31. октомври и 1. ноември.
Полицијата и армијата ќе помогнат во операцијата за да не бидат оптоварени здравствените работници. Словачка има околу 5,5 милиони жители.
Тестирањето ќе се организира слично како избори и ќе има околу 6.000 станици за тестирање во земјата.
Времето на пристигнување на граѓаните ќе биде одредено по азбучен ред, со цел да се спречат собири пред станиците, рече премиерот, додавајќи дека тестирањето ќе биде бесплатно.
„Владата се подготвуваше за операцијата веќе три недели и нарача околу 13 милиони тестови“, рече Матовиќ и додаде дека доколку земјата успее во намерата ќе биде пример за целиот свет.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка