Свет
12. October 2015 - 21:18

Словачка покриена со снег

Во северниот дел на Словачка денеска почна да паѓа снег, а метеоролозите предупредија дека снежната покривка може да биде од 10 до 25 сантиметри, јави дописникот на МИА од Прага.

Предупредувањето се однесува најмногу на учесниците во сообраќајот, со оглед на тоа што снежните врнежи не се вообичаени за овој период од годината.

Повеќе сообраќајни несреќи и проблеми во сообраќајот се случија поради тоа што сите возачи не ги имаат заменето гумите на автомобилите со зимски затоа што се уште не важи обврската за нивно користење.