Свет
2. March 2021 - 13:21

Словачка одобри употреба на руската вакцина „Спутник V“

Словачкиот министер за здравство Марек Крајци изјави дека руската вакцина „Спутник V“ е одобрена за употреба во земјата до крајот на август.

Вакцината ќе употребува во Словачка во согласност на статусот на исклучок, доделен од Министерството за здравство како лек што не е регистриран.

Лицата кои ќе сакаат да се вакцинираат со „Спутник V“ треба да потпишат согласност, со која ќе потврдат дека се свесни оти Европската агенција за лекови (ЕМА) досега не ја има одобрено руската вакцина.

Вакцинацијата ќе биде на доброволна основа и нема да биде ограничена од возраста на примателот.

Премиерот на Словачка, Игор Матович вчера изјави дека Братислава ќе набави два милиона дози од вакцината „Спутник V“.