Свет
23. February 2016 - 8:45

Словачка не планира на своја територија да прифати бази на НАТО

Словачка не планира на своја територија да прифати бази на НАТО, изјави словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак. 

- Ние не чувствуваме за себе закана до тој степен, за да го сакаме тоа од Алијансата, нагласи Лајчак. 

Истовремено тој го поздрави зацврстувањето на источното крило на НАТО, со распоредувањето во Полска, балтичките земји, Бугарија и Романија единици од силите за брза реакција со вкупна бројност од пет илјади војници.

- Зајакнувањето на источното крило на НАТО го сметаме за многу важно. Целосно ги разбираме нашите соседи, кои се стремат кон создавање на бази и целосно ги поддржуваме нивните напори, рече словачкиот министер за надворешни работи.

Лајчак изрази надеж дека Словачка ќе може во иднина да ги зголеми трошоците за одбраната до два отсто од Бруто домашниот производ, што е барање на НАТО. 

Лајчак разговараше во Братислава со полскиот министер за надворешни работи Витолд Вашчиковски, кој изрази задоволство во врска со песпективите за постоење на план за постојано присуство на силите на Алијансата за брзо реагирање на територијата на неговата земја.