Словачка бара помош од ЕУ поради трагичната состојба во земјата
Словачкиот министер за надворешни работи Иван Корчок ги повика партнерите во ЕУ однапред да ги испратат набавените вакцини, бидејќи земјата се наоѓа во „трагична“ ситуација со коронавирус со рекорден број случаи.
Во Словачка има околу 100 смртни случаи на ден, што е најмногу во светот во однос на населението на неделно ниво.
Од вчера, Словачка има 3.672 пациенти во болница со потврден коронавирус.
Иван Корчок, пред состанокот на министрите за надворешни работи во Брисел, изјави дека ќе ги информира своите колеги за сериозната, па дури и трагична ситуација со која мора да се справи Братислава.
– Ќе им се обратам, за да ги замолам, ако имаат вакцини што не ги користат во моментов, да ни ги достават, додаде тој.
Според Корчок, тоа би бил многу добар знак за соработка на ниво на ЕУ
– Целосно сум свесен дека има недостиг на вакцини и во други земји, но на Словачка во моментов и се најпотребни, нагласи министерот.
Преку механизмот за цивилна заштита на ЕУ, Словачка побара 10 лекари и 25 медицински сестри од странство.
Во земјата се регистрирани 6.577 смртни случаи од Ковид-19. До крајот на минатата недела, 272.341 лице биле вакцинирани со најмалку една доза, нешто над просекот на Европската унија.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација