Македонија
21. October 2020 - 12:42

Слободни кревети нема ниту во штипската болница – пациентите се препраќаат во Кочани

Општата болница во Кочани отвори посебно ковид одделение. Таму ќе бидат згрижувани пациенти позитивни на корона вирусот. За почеток обезбедени се 25 кревети, а одделот е сместен на интерното одделние во болницата.

Поради исполнување на капацитетот на инфективното одделение во штипската клиничка болница, а во договор со Министерството за здравство, во кочанската болница е започнато преземање на пациентите позитивни на Ковид 19. Во моментот има тројца заболени со полесни симптоми на болеста и седуммнина со позитивен тест за кој се грижи постојниот медицински персонал.

Болницата во Кочани има ограничени просторни услови за обезбедување дополнителен број легла за згрижување нови пациенти. Поради тоа од Министерството за здравство беше најавено дека во болничкиот круг се планира изградба на монтажна модуларна болница за потребите на новиот регионален Ковид центар. Во меѓувреме, Општина Кочани самоиницијативно ја презеде обврската да ги обезбеди потребните приклучни елементи за струја, вода и канализација за нејзино нормално функционирање. Монтажни модули за прием н 42 пациенти ќе се постават и во кругот на штипска клиничка во близина на детското одделение.