Слободни 26.105 места за упис на државните универзитети
Вкупно 26.105 места се обезбедени за упис на студенти на државните универзитети и тоа 13.953 места за редовни студенти во државна квота, 8.367 места за редовни студенти со кофинансирање и 3.785 места за вонредни студенти, соопшти Министерството за образование и наука откако Владата вчера донесе одлука за Конкурсот за упис на студенти на државните универзитети.
Со тоа, како што е наведено во соопштението од ресорното Министерство, обезбедени се доволно места за упис на сите заинтересирани матуранти, како и за други лица заинтересирани за студирање на државните универзитети.
- При утврдување на бројките за упис на студенти се водеше сметка за потребите на пазарот на трудот во Република Македонија, дефицитарноста на струките и расположливите можности за вработување, бројот на студенти за кои се акредитирани факултетите, како и за показателите за интересот на средношколците за упис на одредени факултети изминативе години, стои во соопштението.
Конкурсот, како што велат од МОН, содржи одредени новини во однос на претходните години.
- Како резултат на различниот пристап на новата Влада во однос на родовите прашања и прашањето за евроинтеграциите, споредено со претходната Влада, донесена е одлука да се активираат Родовите студии на Филозофскиот факултет при УКИМ, кои 5 години беа ставени во мирување, како и студиите за Безбедност и евроинтеграциите на Факултетот за безбедност при УКЛО, кои исто така беа во мирување, истакнуваат од Министерството.
Оваа година факултетите при Универзитетот „Св Кирил и Методиј“, како што истакнуваат во соопштението, нема да имаат дисперзирани студии. - Такво беше барањето на Универзитетот кое се поклопи со ставот на Владата и нашите согледувања за квалитетот и потребата од одредени дисперзирани студии. Одредени дисперзирани студии на другите Универзитети се редуцирани, тргнувајќи од погоре наведените аналитички податоци со кои располагаше Министерството за образование, се додава во соопштението.
Од Министерството за образование и наука посочуваат дека оваа година по прв пат се утврдени и квоти за упис на одредени студиски програми за студенти, чие родителско право го врши само еден родител, кои ќе плаќаат половина од износот на уписнината. Конкурсот ќе биде доставен до универзитетите и објавен.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок