Бизнис
9. August 2018 - 19:28

Сливи има но нема кој да ги купува

Пијанец годинава полн со сливи, а нема кој да ги купи. Поради благопријатните климатски услови, годинава сините сливи созреаја месец дена порано, а сливарите очекуваат рекордна реколта. Меѓутоа доколку нема заинтересирани купувачи во следните десетина дена, кога треба да започне бербата, сливите ќе скапат по овошните насади.

- Оваа година апсолутно нема интерес од некој купувач, да дојде и да купува сливи. Уште неколку дена ако се почека да нема откуп ќе останат на нивата -изјави Славчо Десподов, производител на слив, Делчево. 

Само во општина Делчево овошни насади со сини сливи има на површина од 700 ха. Од нив се очекува принос од над 8000 тони. Проблемот се мултиплицира и од причина што трговците сами ја одредуваат откупната цена, независно дали се работи за домашни или купувачи од соседните земји.

- Апелирам до Министерството за земјоделие, да има лиценцирани откупувачи, кои што ќе склучат договор на почетокот од годината за да знаеме колкава ќе биде цената и кој ќе откупува, а не без лиценца, кој сака доаѓа, уценува или едноставно не се појавува и родот останува по нивите- додаде Десподов

Не само производителите, туку и државата ќе  зијани, зашто најголем дел од производството оди за извоз.

- Едноставно Македонија ќе изгуби  големи пари. Милиони евра се во прашање, се рабира- изјави Десподов

Моменталната голем продажна цена на сината слива е 7 денари за килограм, која е на границата на рентабилност за производителите.