Слика на Ван Гог продадена за речиси 36 милиони долари
– Слика на Винсент ван Гог (1853-1890), украдена од нацистите за време на окупацијата на Франција, е продадена во Кристис во Њујорк за 35,9 милиони долари, се наведува на веб-страницата на аукциската куќа.
Сликата на Ван Гог „Meules de blé“ (Купишта пченица) од 1888 година е продадена за рекордни 36 милиони долари – речиси 6 милиони долари повеќе од максималната очекувана продажна цена.
.Акварелот со тема жетва, прикажува жени кои работат на нивите во Арл, Франција, пишува Си-Ен-Ен. Ван Гог сликал акварел во 1888 година, кога се повлекол во село во Франција поради лоша здравствена состојба.
Според каталогот на аукциската куќа Кристи, сликата првично му припаѓала на братот на Ван Гог, Тео, а подоцна добила нов сопственик, еврејски индустријалец, Макс Меировски, кој ја купил сликата во 1913 година.
Ново на Сител
-
Историјатот на носењето брачен прстен
-
Австралијци казнети за лажирање рак кај своето дете
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ на 5 мали дечиња од Кичево, татко им починал во сон, мајката ги напуштила
-
Серија земјотреси на Света гора – најсилниот 4,6 степени
-
Македонија денеска ги дознава своите ривали на патот кон Светското првенство во 2026 година
-
Кикбоксот има 6 номинации од вкупно 6 категории за индивидуалниот македонски спорт
-
Дополнителни 6 000 денари за 1 000 килограми откупена оризова арпа и 18 000 денари субвенции за хектар
-
Запленети околу четири тони марихуана во валандовско | ФОТО