Балкан
26. November 2019 - 10:11

Слика која го потресе светот: Дете кое е извлечено од урнатините, лежело над мртвиот татко и повикувало да го спасат

Најмалку шест лица загинаа, а 300 се повредени во силниот земјотрес кој утрово ја погоди Албанија. На социјалните мрежи се појавија фотографии и снимки кои го вознемирија светот.

На оваа снимка се гледа дете го прегратка на спасувач, додека околу нив се урнатини, а во самиот агол се гледа глава на наводно мртов човек за кој се претпоставува дека е татко на детето.

Детето не престанува да го повикува таткото: „Тато, тато“. Ова е глетка која го потресе целиот свет.

Долниот дел од телото на детето остана под урнатините, па спасителите се обидуваа да му помогнат.

Се се случува во мракот, додека луѓето околу нив се обидуваат да ги осветлат урнатините со светилки, трагајќи по повредените.povređenima.