Свет
3. јуни 2018 - 22:00

Слетаа од Вселената: Астронаутите се вратија на Земјата по 168 дена

Руската вселенска капсула Сојуз со тројца астронаути кои се вратија од Меѓуанродната вселенска станица слетаа во Казахстан.

Капсулата без проблем слета во казахстанската степа, при што безбедно се вратија рускиот космонаут Антон Скаплеров, Американецот Скот Тингл и јапоснкиот астронаут Норишига канаи, јави АП.

Тие се вратија на Земјата по мисијата која траеше 168 дена, потсети АП.

На Меѓународната вселенска станица остана тричлена посада - Американците Дру Фојстел и Рики Арнолд како и Русинот Олег Артемјев.

Во средата на МВС треба да отпатуваат уште тројца астронаути.