Македонија
3. December 2021 - 11:15

Слетаа авионите со посмртните останки

На аеродромот во Скопје слетаа авионите со посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа.

Останките ги пречекаа претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот Љупчо Николовски, министрите Бујар Османи, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши, Насер Нуредини, Јагода Шахпаска, Благој Бочварски, пратеници и поглаварот на Исламската верска заедница.