Македонија
15. April 2018 - 19:20

Слета првиот авион од Турција на охридскиот аеродром

Пристигна  првиот директен лет од Истанбул до Охрид со авиокомпанијата Онур Ер. Првите 180 патници попладнево беа пречекани на охридскиот аеродром Свети Апостол Павле.Во текот на ова лето повеќе од 4500 патници со 23 летови од Истанбул ќе пристигаат на аеродромот во Охрид  а летовите ќе функционираат секоја недела во периодот од 15 април до 21 октомври.

Летовите ќе придонесат за пораст на вкупниот број на турски туристи како и за развојот на туризмот на Охридското езеро.Иако се организирани како туристички пакети,овие летови не се само туристички тури туку и добра врска помеѓу двата града како за бизнис така и за посети на роднини и пријатели.

Туристите коишто денеска пристигнаа во Охрид воодушевени од пречекот и убавините кои ги нуди главниот туристички центар.

Инаку покрај Истанбул и постоечките сезонски летови од Амстердам,Брисел,Тел Авив и Катовице во периодот од април до октомври, најавено е дека ќе бидат отворени уште три нови сезонски дестинации Варшава,Талин и Ајдховен.

Новинар: Нина Аритоновска