Живот
23. October 2018 - 21:59

Слета на автопат среде сообраќаен шпиц и ги извади од памет возачите: Сите очи беа вперени кон овој авион

Мал авион од никаде слета меѓу автомобили на еден автопат во Калифорнија, и во првиот момент целосно ги преплаши возачите.

Иако слетувањето било според правилата и без никаква грешка, ситуацијата делувала потполно нереално. Настанот ги снимил еден од возачите чиј автомобил, во текот на слетуваето, се затекнал зад леталот.

Целата ситуација делувала апсурно во моментот кога возачите почнале да го претекнуваат авионот. Еден од нив дури и му честитал на пилотот за успешното приземјување.

„Не знам како успеа да го избегне сообраќајот. Ова е вистинско чудо!“, изјави сообраќаецот Тревис Героу.

До несекојдневната сцена, која се одиграла недалеку од Сан Диего, дошло поради расипаниот мотор на авионот за обука. Пилотот инструктор тогаш ја презел контролата над леталото и принудно слетал во левата лента, успешно избегнувајќи ги сите возила кои се движела долж сообраќајницата.

Во инцидентот немало повреднеи, како ни материјална штета.