Слепите и лицата со оштетен вид ќе гласаат самостојно користејќи го брајовото писмо
Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ од Куманово, одржаа средба со слепите, лицата со оштетен вид и нивните семејства каде ги информираа дека оваа категорија граѓани на овие локални избори самостојно ќе можат да гласаат користејќи го брајовото писмо.
- Цела година работевме на оваа проблематика и бевме упорни, токму за гласачкото право на лица со оштетен вид, бидејќи тие досега воопшто не гласаа, гласаше некој друг за нив и нивната тајност на гласање беше целосно нарушена, баравме правото на глас да го оставураат самите лица со ошететен вид. Оваа категорија на граѓани овој пат самостојно ќе го оствари правото на глас, односно ДИК по нашата препорака започна со подготвка на шаблон односно папка на брајово писмо каде што на предната страна ќе го пишува сето она што го содржи гласачкото ливче, изјави Благица Димитровска од Здружение „Инклузива “ Куманово.
Појасни дека поголемиот број од лица со оштетен вид не го знаат брајовото писмо и за тие лица папката од кај што се броевите ќе биде со отвори така што лицата со оштетен вид со допир ќе може да ги изброи да заокружи.
Упатството е издадено од ДИК и е прикачено на нивната официјална страна, информираа од Здружението од каде објаснија дека е подготвена и аудио верзија. Од Инклузива велат дека се дадени препораки и за лицата со интелектуална попреченост и за лицата со оштетен слух.
Од Здружениетпо информираат дека во следниов период ќе се одржат уште шест работилници во поголемите градови, а ќе биде отворена бесплатна телефонска линија каде што секое лице од кој било град може да се обрати, но и да ги пријави неправилности ако ги има на денот на гласањето.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка