Следната недела состанок меѓу Путин и Ердоган
Турција денес ја започна операцијата „Пролетниот штит“ против сириската армија по ескалацијата на конфликтот и успешната операција на Дамаск против милитантите во Идлиб.
Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган ќе разговараат за ублажување на тензиите во сириската провинција Идлиб уште следната недела, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков рече дека се надева оти состанокот ќе се одржи на 5 или 6 март. Тој им рече на новинарите дека преговорите нема да бидат лесни.
Турција ја започна операцијата „Пролетниот штит“ против сириската армија по ескалацијата на конфликтот и успешната операција на Дамаск против милитантите во Идлиб.
Русија ја поддржува Сирија во намерата да ги ослободи своите територии од екстремистите и покрај тоа што Москва е близок партнер на Турција, која поддржува одредени вооружени групи и ги нарекува „умерени“.
Двајцата лидери досега потврдија дека во текот на преговорите ќе се фокусираат на решавање на ситуацијата во Идлиб, според Раша Тудеј.
Ново на Сител
-
Македонија се подготвува за седмите претседателски избори
-
Гласаат затворениците во Идризово
-
Гласањето во Прилеп без проблеми
-
ССМ повикува на масовна поддршка на првомајскиот протест
-
Прилепските цркви и годинава со хуманитарна акција пред Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024