Македонија
23. May 2018 - 16:18

Следната недела првата реконструкција на владиниот кабинет на Зоран Заев

Рената Дескоска од СДСМ како министер за правда, Арбр Адеми од ДУИ како министер за образование, Асаф Адеми од БЕСА како министер за култура и Бардуљ Даути од ДПА како министер без ресор за странски инвестиции. Предлозите на Заев  за реконструкција на владиниот кабиент пристигнаа во Собранието, се чека да се закажа седницата на која ќе се гласа за првите промени во Владата. Неофцијално се споменуваат два датуми, следната среда или пак, идниот петок што се поклопува со годишнина од изборот на владата на Заев.

Реконструкцијата ќе опфати и измени во заменичките места во министерствата. Андреј Жерновски кој на локалните избори од ЛДП премина во СДСМ е предложен за заменик министер за надворешни работи.

Асим Муса – за  заменик во Министерството за здравство

Ѓонул Бајрактар – за  заменик за  Министерството за труд и социјална политика

Садик Бекири -  за заемник во Министерството за транспорт и врски.

Според ваквата распределба БЕСА на Гаши не добила заменички места

Од владата веќе замина Биљал Салиу од правда, а со овие измени од таму ќе замине и Роберт Алаѓозовски од култура.  Седницата на која ќе се направи изборот прво ќе почне со констатирање на оставките на досегшаните министри и заменици. За да се избере нов министер или заменик министер потребни ќе бидат 61 пратеник.

Со ова завршуваат долгите преговори за нови коалициски партнери на СДСМ и ДУИ со што парламентарното мнозинство би броело најмалку 67 пратеници.