Следната недела доаѓа студен бран во Европа и на Балканот
На летнотно време кое е невообичаено за овој дел од годината конечно му се гледа крајот и тоа во текот на следната недела кога според сегашните анализи некаде над централен и северен Атлатик би се стационирал поизразен Антициклон (поле на висок воздушен притисок).
Сето ова од Арктикот кон Европа и Балканскиот Полуостров би условило продор на значително постуден воздух кој би ги спуштил температурите на воздухот за 10 до 20 степени ширум Европа и Балканот во однос на оние кој ги имаме сега. Овој бран ширум Европскиот Континент ќе услови и врнежи од снег и зимски температури кои ќе се спуштаат и под нулата.
Студениот воздух некаде по средината на следната недела кога би стигнал над нашите краишта поточно некаде над Италија би условил формирање на циклонски систем кој во нашите делови ќе услови врнежи. Какви би биле врнежите и со кој интензитет нови информации во следните детални и обновени анализи.
Ново на Сител
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела