Бизнис
21. November 2021 - 21:16

Следната година продолжува изградбата на пругата од македонска страна, каква е состојбата од страна на Бугарија?

Следната 2022 година е новиот рок за продолжување на изградбата на пругата кон Бугарија од македонска страна, досека пак од страна на соседна Бугарија состојбите се статус кво повеќе од 20 години.

Денеска министерот Бочварски најави дека изгрдбата од македонска страна која е во застој година и половина ќе продолжи во првиот квартал од 2022 година. Најавува дека при крај е изборот на компанија. За идната година за овој проект Владата со буџетот испланира 2,5 милијарди денари или 40.6 милиони евра.

И за годинава беше проектирана значајна сума за изградба на пругата кон Бугарија, но, тендерските постапки за избор на компанија се одолговлекоа и изградбата не продолжи.

Целиот проект за изградба на железничката линија од Скопје до бугарската граница тежи 600 милиони евра. Целиот износ е обезбеден за што земјава доби и меѓународна поддршка.

Ова е слиожен проект кој предвидува изградба на 32 тунели и 91 мост. Граничниот премин меѓу двете земји треба биде сместен во тунел. Иако до бугарска страна има многу помал дел за изградба, сепак со години таму ништо не се гради. Пругата завршува на три километри од границиата во близина на селото Ѓуешево.

Пругата по должината на Коридорот 8 не се гради година и половина кога изведувачот го напушти градилиштето. За пругата кон Бугарија се разговара 30 години.