Следната година ќе се отвори технолошки парк во Скопје
– Државата ќе инвестира во нов технолошки парк во Скопје кој ќе биде дом на еден ИКТ акцелератор за нови ИКТ компании и место каде постоечката индустрија ќе го најде својот интерес и го насочи развојот на нови решенија.
Ова го најави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска на Конференција за иновативни ИКТ решенија и трендови.
Тој истакна дека се очекува технолошкиот парк да биде отворен во текот на следната година.
- Основниот чекор треба да го направи државата, да мотивира што поголем број луѓе да ја бараат својата егзистенција во ИТ индустријата. Оваа индустрија е еден од клучните механизми за да ги мотивираме младите луѓе да останат во Македонија, да студираат тука, да дојдат лесно до вработување и да имаат повисок животен стандарт. Во наредниот период ќе се обидеме да направиме координирана стратегија како да го постигнеме тоа, рече министерот на отворањето на Конференцијата.
Конференцијата се одржува во рамки на МАСИТ ИКТ деновите, а на која се дискутира на повеќе актуелни теми и прашања од обалста на ИКТ иновациите во функција на подобар бизнис, живот и развој.
Ново на Сител
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто