Македонија
5. December 2017 - 10:22

Следи продолжен викенд - до крај на годината уште два неработни дена

Петок (8-ми декември) е неработен ден за сите граѓаните на Република Македонија поради чествувањето на празникот Св. Климент Охридски.

По продолжениот викенд, остануваат уште 2 неработни денови до крајот на 2017-та година меѓутоа нема да важат за сите граѓани.

Така 21 декември ќе биде неработен ден за граѓаните од турската заедница кои го слават Денот на наставата на турски јазик.

Последниот неработен ден за 2017-та година е 25-декември – и тоа за граѓаните од католичка вероисповед кои го празнуваат католичкиот Божиќ.