Живот
30. March 2016 - 15:39

Следејќи ги сопругата и нејзиниот љубовник преку GPS животот си го претворил во пекол

Овој бизнисмен го сокрил GPS уредот во автомобилот на неговата сопруга и маж за кој се сомневал дека и е љубовник, а веднаш потоа поради тоа е уапсен.
 
Стивен Браун е приведен од полицијата поради оптужба дека сокрил уред за следење  во автомобилот на неговата жена Никол (44) и неговиот "пријател" пожарникарот Марк Комптон. Против Стивен не е покрената тужба но е уапсен поради законот кој забранува шпионажа на други луѓе која предизвикува вознемиреност.
 
Како што пишува The Sun, 51-годишниот Браун, кој е сопствник на една компанија во Лондон се сомневал дека неговата жена го изневерува од крајот на минатата година. Минатиот месец таа и нејзиниот пријател пронашле GPS уред во нејзиниот автомобил.
 
Стивен и Никол после овој инцидент се развеле, па оттогаш таа се гледа со нејзиниот пријател. Еден од вработените во фирмата на Стивен рекол: "Марк Комптон имаше афера со Никол уште од 2013 година. Стивен не направи ништо лошо, само сакаше се тоа да заврши што поскоро. Лично мислам дека тоа не ни го направил. Марк и понатаму живее со својата жена и таа очигледно не е најсреќаната".