Славниот Јутубер кој го навредил мексиканскиот нарко бос пронајден изрешетан со 15 куршуми во телото
Хуан Луис Лагунас Розалес е роден во мексиканската држава Синалоа, која е мека за нарко-картелите и земја на познатиот Хоаким Ел Чапо Гузман.
Лагунас никогаш не го запознал својот татко. Мајка му го оставила со баба му кога бил дете.
Кога имал 15 години, го напуштил својот роден град без да заврши средно училиште, и отишол во општината Кулиакан, каде со перење на автомобили заработувал за живот. Во овој град ќе го добие прекарот по кој подоцна ќе стане познат на сајберпросторот: "El Pirata de Culiacan" или "Пиратот од Кулиакан".
Почнал со поставување на снимки од тоа како се опива, а на 17 години веќе имал повеќе од милион фанови на Фејсбук и повеќе од 300.000 на Инстаграм.
Пуштил брада за да изгледа постаро и ги тетовирал рацете. Во Мексико алкохолот им е забранет на малолетници, но тој се опивал како да не постои утре.
Во една видео снимка го навредил нарко-босот Немесиј Очегера Сервантес, познат и по прекарот Ел Менчо.
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени