Џет-Сет
9. December 2016 - 9:21

Славниот актер наполни 100 години

Славниот холиудски актер Кирк даглас, чии улоги ја одбележаа кинематографијата на 20. век, денеска го прославува 100. роденден.

Од почетокот на филмската кариера во 1946 година, Кирк даглас оствари повеќе од 90 филмски улоги, а ќе остане запомнет меѓу другото и по филмовите „Шампион“, „Пресметка кај ОК коралот“, „патеки на славата“, „Последниот воз од Ган Хил“, „Спартак“ и многу други.

Тој трипати беше номиниран за наградата Оскар за главна машка улога, но златната статуетка ја крена само еднаш и тоа во 1996 година, кога доби Оскар за животно дело.