Славни личности потпишуваат петиција против Доналд Трамп
Неколкумина американски познати личности ја потпишаа петицијата на интернет, со која се предупредува за вербалните испади на потенцијалниот републикански кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп.
Автори на петицијата „Стоп на омразата, да се ослободиме од Трамп“ се писателката на „Вагинални монолози“ Ив Енслер, продуцентката на документарни филмови Џуди Еванс и социологот Кимберли Креншоу
Актерите Хари Белафонте и Дени Гловер, режисерот Џонатан Дем и глумиците Кери Вашингтон, Џејн Фонда и Росана Аркет, исто така, се наоѓаат меѓу потписниците.
- Им даваме можност на Американците да слушнат и да реагираат додека кампањата на Трамп го освојува просторот со често користење на омраза и поделби во неговите говори, изјави Енслер.
Петицијата, со која се поттикнуваат големите компании да ги прекинат бизнис односите со Трамп, веќе има собрано 85.513 потписи.
Ново на Сител
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи