Балкан
12. March 2018 - 20:53

Славица ми ги пцуеше таткото, мајката и братот и тогаш ја убив! Сведочеше монстумот кој ги уби сопругата и четиримесечната ќерка

-Не се чувствувам виновен. Не ја прифаќам вината што ми се става на товар. Тој ден бев во град кога ми се јави Славица. Беше бесна, се дереше да си дојдам дома. Кога дојдов, ја видов како седи во фотељата и држи нож во рака и плаче. А потоа го видов мртвото бебе. Славица почна да ги пцуе мојот брат, мајка ми и татко ми. И тогаш јас неа ја убив, рече по 9 месеци од судењето Арпад Сабо (29) кој во август 2016 година со нож ја искасапи својата четиримесечна ќерка Николина и сопругата Славица.

По првпат ладнокрвно ја изнесе својата одбрана, но без право на прашања од било кого.

Ова злосторство е одбележано како најстраотно во 2016 година, не само во Ветерник каде и се случи, туку и во цела Србија. Монструмот ги искасапи својата жена и дете, по што ладнокрвно се избањал, пресоблекол и се вдал во бегство.

На првото рочиште на 19 јуни минатата година рече: „Не сакам да ја изнесам својата одбрана. Ќе се бранам со молчење во оваа фаза од постапката“.

За денеска беа планирани завршните зборови, за бранителот на монстумот кој во полиција и во обвнителството призна дека ги искасапи своето дете и жена, да рече дека неговиот клиент сака да ја изнесе одбраната но без да му се поставуваат прашања. Кога го изнесе тоа што го рече, таткото на убиената внука и ќерка Душко Ѓуриѓиќ реагираше: “Како не ти е срам...“, по што судијата Тамара Радовиќ го прекина и го опомена, додека мајката Љиљана лелекаше и лиеше солзи кога слушна што зборува Арпад.

„Предлагам на мојот клиент повторно да му се направи неуро-психолошко вештачење“, рече адвокатото на Арпад, што беше прифатено од судиката Радовиќ.

На бебето му ги скршил коските на темето

Пред со нож да и го пресече гркланот на четиримесечната ќерка, крвникот Арпад со силен стисок на раката на детето му ги скршил двете темени коски на главата, е наод на вештакот кој е соопштен на судењето.

„Темениот дел на главата, попречно долж скршенциите на темената коска има крвав подлив. Двете темени коски се скршени, скршеницата е линеста, се протега попречно преку темето и ги зафаќа двете темени коски. Тоа значи дека обвинетиот ќеркичката од четири месеци прво ја стиснал за темето на главата, а потоа со нож и го пресекол гркланот, стои во наодот на судсктие вештаци.

Во обвинението се наведува дека Арпад свесно ја убил сопругата и детето. Тој ден, ноќта меѓу 15 и 15 авгист 2016 година, прво ја убил Славица, така што најпрво во бањата од станот ја удирал по главата и телото. Потоа го зел кујнскиот нож со должина на сечивото од околу 20 см, и на Славица и задал три убодни рани на вратот, но не запрел тука туку продолжил да и го касапи гркланот, ѕидот на ждрелото и крвните садови.

Во полиција рекол „Детето го убив за да не остане сираче“

При апсењето Арпад зборуваше со инспекторите во присуство на обвинител.

„Детето го убив да не остане сираче. Не бев сигурен дека е мое. Откако го роди, се сомневав во тоа. Иако, таа секогаш негираше дека некогаш ме измамила, но во мојата глава беше лудило. Посебно кога ќе се напијам, тогаш ми праѓаше мрак на очи. Тогаш и ја напаѓав. А знаев дека само мене ме сака. Но сега нема повеќе да ме сака. Не ми е жал што ја убив. А ни детето, и онака постојано врескаа заедно“, ладнокрвно рече тогаш во полиција.

По монструозното убиство на бебенцето и жената, Арпад се избањал и тргнал преку нивите, за случајно да не го види газдата дека излегува на улица. Одел пешки се до Бачка Паланка, каде кај Дунав чекал да украден некој чамец за да се префрли до Хрватска.

„Кога му пришле полицајците не се спротивставувал. Веднаш признал дека ги убил жената и детето. Но тоа признание изгледало како да се фали со нешто, а не како каење“, рече тогаш извор од полицијата.

Обдуцентите тогаш биле во шок

Обдуцентите открија повеќе од 28 убоди од нож по телото на мајката и детето. Смртта кај детето настапила моментално. Најмногу убоди мајката и бебето здобиле во пределот на градите и стомакот.

„Таква глетка до сега немаме видено. Такво изживување над бебе и жена, тоа е незамисливо. Кога влеговме, ние кои сме се нагледале се и сешто, не ни беше добро. Двете беа во крв. А убоди од нож, немаше каде нема“, рече тогаш извор за српски Курир.

Бил пресметлив

На едно од рочиштата вештакот д-р Гордана Мишиќ Павков, рече дека осомничениот во време на извршувањето на тешкото кривично дело бел пресметлив.

Кога го прашавме дали се сеќава или не сака да зборува за спорниот настан, тој ни одговори: „Се сеќавам на се и често го сонувам тој настан, но не сакам за зборувам за тоа“, рече во таа прилика вештакот д-р Гордана Мишиќ Павков.

Зарем и после ова е потребно ново вештачење, прашаа сите во судницата останувајќи затекнати во лагите кои ги изнесе Арпад, дека тој не го убил бебето, не велејќи дури ни ќерка.