Бизнис
13. April 2019 - 16:16

Славевски и Тевдовски спротиставени околу растот на економијата

Парите од Светска банка на земјава не и се потребни затоа што владата нема добри проекти за кои можат да бидат потрошени. Овие обвинувања доаѓаат од опозицијата откако вчера на пролетните средби во Вашинготн министерот за финансии Тевдовски рече дека очекува Светската  банка  да одобри 420 милиони евра за инфрастуктурни проекти. Според Славевски добро е што Вдржавата ја продолжила соработката со банката, но средствата  од таму во моментов не се неопходни. Владата веќе за годинава има предвидено 400 милиони евра за капитални пректи но досега многу малку се потрошени.

-Добро е што државата ја продолжи соработката со Светска банка но не е добро тоа да се користи за маркетиншки цели особено во време кога инвењтиториуте и даваат нула на земјава. Парите од банката не ни се потребни. Тие нема да ни ги дадат на поклон се плаќаат камати особено не ни требаат во време кога владата има пари но нема да биде потрошено ништо. Државата нема капацитет да направи добри проекти Реализаицјата на капиталните проекти е слаба, рече Трајко Славевски.

Не очекува дека ќе се реализраат владините проектции за раст на економијата за годинава од над 3 проценти.

Министерот Тевдовски пак на пролетните средби во Вашинготн посочи дека македонската економија закрепнува. Вели дека тоа го потврдуваат и меѓународните финансиски институции. Тврди дека економијата во следниот период ќе генерира повисоки стапки на ратс

Проекциите на ММФ се дека македонската економија годинава ќе ја заврши со раст од 3 проценти, со тенденција да стигне 3, 5 проценти во наредните четири години.

Забрзува растот на економијата. Министерот Тевдовски вели дека негативната состојба која ја затекнале е надмината. Крајот на минатата година покажал дека економијата ќе расте. Ваквите бројки ги презентирал и во Вашинготн, за време на пролетните средби на ММФ и Светска банка.

Тевдовски очекува дека наскоро Светска банка ќе одобри 420 милиони евра за подобрување на инфраструктурата во земјава. Експерите велат дека токму тоа фали – инветсиции кои ќе ја раздвижат економијата и ќе го зголемат растот. Сегашните бројки, за нив не влеваат оптимизам дека прогнозите за раст од 5% најавуван за нарендиот период можат да   се остварат.

Во редовниот извештај на ММФ кој се објавува во престер на пролетните средби во Вашингтон, фондот ја намали прогнозата за макеоднскиот раст на 3% со тенденција да стигне до 3,5% дури за четири години.