Славева: Директорот на ДЗС да си поднесе неотповиклива оставка
Република Македонија изгоре во пожари, а директорот на ДЗС, Аднан Џаферовски, човек од доверба на Зоран Заев, исто како својот шеф тера кампања и не го интересираат огромните штети кои ги трпат граѓаните и државата. Стотици хектари шума изгореа, а Џаферовски и Заев не покажаа никаков интерес да се справат со пожарите.
Денеска се наоѓаме пред Дирекцијата за заштита и спасување под раководство на СДСМ која е клекната на колена. Уништени се сите капацитети за справување со непогоди.
Сериозно загрижуваат информациите дека Дирекцијата за заштита и спасување располага со 6 пилоти, од кои само двајца можат да летаат. Загрижуваат информациите дека тројца пилоти немаат обука и не можат да летаат, а земаат плата веќе 5 до 6 месеци. Јавноста чека одговор за причините за катастрофалната реакција на авионите со кои располага ДЗС. Дали тие имаат расипан систем за автоматско полнење и заради тоа не црпеле вода од Охридското езеро, процес кој трае дваесетина секунди ? Дали е вистина дека заради несовесното работење на првите луѓе во дирекцијата, авионите додека ги гаснат пожарите во Охридско и околината мораат да се вратат на аеродром за да наполнат вода и да потрошат час и половина, наместо директно да наполнат вода од Охридското езеро?
Почитувани, месец март беше месец на пожари и пустош на шумите во Македонија, сведоци сме дека палењата продолжуваат и овој месец. Одговорноста има име и презиме. Тоа е Зоран Заев кој има поставено неспособен кадар на чело на ДЗС и неспособен министер за внатрешни работи кој не ги гони оние кои подметнуваат пожари. Одговорен е и неспособниот министер за земјоделие, но сите молчат, а шумата и селата во Македонија изгореа.
Одговорност мора да има за оваа ненадоместлива загуба за изгорени национални паркови, животни и села.
За почеток неспособниот директор, Аднан Цаферовски мора да си поднесе неотповиклива оставка.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација