Македонија
15. May 2020 - 18:17

Славески: Ребалансот на Буџетот е доказ дека економската ситуација не е приоритет на оваа влада

Конечно владата предложи ребаланс на Буџетот на Република Македонија за 2020 година, како што разбравме од пресот кој што пред малку се одржа од страна на министерката за финансии Нина Ангеловска.

Најпрво да кажеме дека овој ребаланс на буџетот доаѓа со задоцнување од најмалку месец и половина. На јавноста и е познато дека ВМРО-ДПМНЕ преку дополнителниот заменик министер за финансии Гордана Кочоска Димитриеска уште во март веднаш откако се увидоа првичните негативни ефекти од здравствената и економска криза предизвикани од корона вирусот предложи или укажа на потребата од прекројување на државната каса.

Но, тоа како и многу други наши предлози не беше прифатено. Значи, сегашниот предлог доаѓа со големо задоцнување. Во меѓувреме  владата продолжи со трошењето на буџетски средства како ништо да не се случува, претежно за тековни расходи од кои добар дел беа насочени за предизборен поткуп на гласачите. Значи продолжение на практиката од периодот од јануари – март 2020 година кое како што е познато се реализира буџетски дефицит во износ од 7,4 милијарди денари или 120 милиони евра што претставуваше 42,6 проценти од вкупниот планиран дефицит за 2020 година.

Ова ба потрошени пари без ниту еден денар да се насочи кон поддршка на претпријатијата засегнати од кризата  од кои голем дел престанаа со работа со воведувањето на вонредната состојба во земјава. Оттаму не треба да зачудува фрапантната цифра што ја изнесе министерот за финансии Ангеловска од планираните 750 милиони евра буџетски дефицит со овој ребаланс што претставува историски највисоко ниво  на планиран буџетски дефицит во историјата на Република Македонија и со ова како што исто така беше потврдено на новинарско  прашање од страна на министерката јавниот долг на Република Македонија се доближува или ќе се доближи ако се ова се реализира до критичното ниво од 60 проценти од БДП.

Ова е нашата првична реакција по повод овој ребаланс на Буџетот, во нормални околности затоа што прекројувањето на државната каса е сериозна работа особено во услови на криза народните избраници во парламентот и од опозицијата и оние кои што ја претставуваат власта односно партиите на власт со денови дебатираат по собраниските комисии и на пленарна седница во македонското собрание предлагаат и дискутираат по амандмани со цел да се добие посоодветен предлог на ребаланс на буџетот.

Ние ја немаме таа привилегија во овие околности и нашите информации до овој момент се единствено тие што ги изнесе на денешниот прес министерот за финансии Нина Ангеловска и оттаму нашата реакција ќе биде за основните контури на буџетот и некои од клучните мерки кои што беа спомнати особено оние за поттикнување на потрошувачката во Република Македонија.

Имено може уште веднаш да се заклучи а тоа јавноста уште веднаш го детектира во таа насока беа и поставените новинарски прашања по пресот на министерот за финансии. Приходите во буџетот се преоптимистички планирани.

Имено, кога гледаме и слушаме дека она што ние го укажавме уште на почетокот на март пред да дојде налетот на кризата дека може да дојде до колапс на приходите во буџетот особено даночните приходи. Значи, кога сето ова се случува планирање пад или подреализација или недоволна реализација на приходите во буџетот од само 11, 5 проценти, сметаме дека ова е преоптимистичко и нема шанса да се реализираат приходите со оваа динамика или обем со кој што владата планира, секако тоа може да има одраз и на буџетскиот дефицит.

Она што по малку зачудува е што расходите на кои што своевремено кон крајот на минатата година кога беше предложен и донесен буџетот на Република Македонија за 2020 година јавноста реагираше дека беа планирани некаде околу или нешто испод 4 милијарди евра историски највисоко ниво, сега како што слушнавме дополнително овој износ се зголемува и прашање е дали е тоа зголемување оправдано. Факт е дека имаме зголемени трошоци за борба против пандемијата од корона вирусот, здравствени пред се за поддршка на здравствениот сектор, имам секако зголемени расходи за мерките кои што се преземаат за поддршка на претпријатијата но прашање е на оценка дали е тоа вистинскиот обем.

Кај расходите повторно ќе се оградам во недостиг на подетални информации, она што може да се забележи е речиси останувањето на истиот износ планиран за плати и други надоместоци во текот на 2020 година, што значи дека владата нема намера да прекине договори кои што истекле на лица вработени во предизборието, партиски активисти за кои што се наменети значителни средства. Понатаму зошто толку мало намалување на средствата за плати и други надоместоци кога знаеме дека со владина уредба некои од надоместоците коишто се покрај  платата на државни функционери на државни службеници, вработени во јавната администрација, меѓу коишто се и надоместоци за патни трошоци, дневни трошоци и тн. се сведени речиси на минимум во изминатиов период.

Но она што најмногу зачудува е тоа што ставката стоки и услуги којашто редовно нели кога имаме можност за посериозна анализа на оваа ставка, значи ставката за стоки и услуги во овој период се намалува за само 1.5 % од она што беше предвидено. Секому е јасно и ќе си го постави тоа прашање зошто не се бараат заштеди токму во оваа ставка каде што влегуваат непродуктивни расходи, трошоци, а делумно имаме одговор затоа што сме реагирале на јавни набавки коишто се во тек и се за непродуктивни расходи, за потрошувачка на владата и министерствата. Зошто тука не се оди на заштеди, коишто би го намалиле буџетскиот дефицит како што е проектиран близу 7% од БДП, а со тоа и зголемувањето на задолжувањето за финасирањето на тој буџетски дефицит.

Понатаму голем број на државни институции на пример во образованието тргнувајќи од предшколското згрижување на деца, градинките, средните училишта, универзитетите таму затоа што активностите се прекинати и ќе останат во догледно време прекинати, а не гледаме дека ќе има некои од вообичаените расходи за стоки и услуги, ова се однесува на другите органи државни институции.

Значи овдека е пропуштена можност за да се направат сериозни кратења со цел да се намали буџетскиот дефицит да се намали потребата од задолжување и ние во наредниот период ова будно ќе го следиме. Од она што го слушнавме од пресот беа наведени низа мерки со префиксот Ковид коишто се насочени или намерата е да ја поттикнат потрошувачката  во Република Македонија во периодот којшто следи, затоа што владата тргнува од претпоставка дека на тој начин ќе се одржува во живот добар дел од економијата посебно во оние засегнати сектори.

Имено предвидени се некаде 18 милиони евра за невработени и приматели на социјална помош коишто би добиле извесна сума на средства, 9,000 денари како што беше и претходно спомнато од владата и претставници на СДСМ кои што би се внесувале на платежни картички ќе треба да се емитираат да се издадат, со кои што граѓаните кои ќе бидат корисници би ги трошеле за домашни стоки и услуги.

Исто така значителна сума средства се предвидува за емитирање на ваучери кои би се доделиле на граѓани со понизок доход за користење во хотелско угостителски објекти во Република Македонија со цел поддршка на гранката туризам. Овде веднаш се поставуваат прашања, на пример како владата планира да обезбеди заштита од злоупотреба на дебитните картички? Дали постои можност за контрола дека средствата навистина ќе ги користат примателите на социјална помош и лицата со ниски приходи?

Имено станува збор за потреба од многу прецизно планирање на мерката, што ќе одземе неколку месеци додека дојдат првите ефекти, но постојат сериозни ризици од злоупотреба средствата да не завршат кон оние кои се насочени.

Како ќе се обезбеди предвидените 18 милиони евра за оваа намена да отидат токму за домашни производи и услуги? Многу е лесно да се стави нешто на хартија, но како тоа ќе се спроведе во практика.

Кога велам дека е лесно нешто да се стави на хартија еве гледаме од извештаите за реализација на одредени мерки кои се досега преземени од владата, каде што има сериозни потфрлања во однос на очекувањата. Еве последното, денес дознавме,  заклучно со вчерашниот ден за мерката поддршка за исплата на плати, во износ на минимална плата од 14.500 денари, беше најавувано дека таа ќе покрие 35.000 компании, разбравме дека има само 10.103 претпријатија од нив најголемиот дел релативно мали под 10 вработени и беше, најавувано дека ќе бидат помогнати на овој со начин со исплата на плати 250.000 работници.

Владата намерно не држи во темнина, не го кажува точниот број на вработени, затоа што тој најверојатно тој  е многу помал од оваа цифра очекувана од 250 илјади работници кога имаше сериозно потфрлање кај бројот на компаниите, па структурата релативно мали компании и така натаму.

Така што, ова што се става на хартија најверојатно или тешко ќе се реализира или ќе се реализира со големи недостатоци во практиката. Понатаму кога станува збор за идејата да се емитираат некакви платежни картички, кои што ќе ги користат корисниците на овие дополнителни средства со кои требало да се зајакне потрошувачката за домашни производи, а се сомневам дека добар дел од овие средства ќе отидат за увозни производи затоа што свесни сме дека добар дел од нашата кошничка на стоки е од увозни производи.

Значи, тие платежни картички би биле посебно обележани, ќе бидат сосема различни од оние кои секојдневно ги користиме во продавниците, во маркетите. И сега прашувам дали владата е свесна плаќајќи за стоки и услуги со овој посебен вид картички, корисниците не се на некој начин обележани со што се нарушува нивната приватност и се декларира нивниот социјален статус. Ова е препорака сериозно да се размисли за оваа мерка која не е добро обмислена.

Понатаму, за ваучерите. Повеќе од сигурно е дека ќе се препродаваат, доколку нема сериозни инструменти за контрола. Лицата со ниски примања кога ќе добијат ваучери имаат други низа потреби пред да одат на годишен одмор во некој наш хотел. Затоа кај нив ќе постои силна мотивираност да ги продаваат ваучерите по дисконт на трети лица. Дали постои проценка за вкупни трошоци за администрирање на ваквите мерки? Ова е дополнително прашање.

На крај, ребалансот на буџетот вака како што е сега предложен е доказ за неуспешните економски политики на актуелната влада кои што предизвикаа сериозни дисторзии во македонската економија и со големо задоцнување се најавуваат некои мерки кои во старт се проблематични во нивната реализација.

Овој ребаланс е доказ дека економската ситуација не е приоритет на оваа влада, туку приоритет беше грабежот, делењето тендери и концесии на пријатели, роднини и партиски послушници.

Ребалансот на буџетот е доказ дека за се што ВМРО-ДПМНЕ тврдеше изминатиов период, а највеќе за неспособноста на економскиот тим на владата. Кога предлагавме мерки, кога апелиравме навремено да се делува, суетата и незнаењето на СДСМ беше поважно од спасувањето на економијата.

Затоа сега се соочуваме со предлог, со ризикување на отворање на уште поголема буџетска дупка, за која ќе ни треба години да ја надоместиме.

Повторно гледаме пренамена на средства од капиталните инвестиции во пари кои треба да му послужат на Зоран Заев за предизборен поткуп.