Слаткиот Синан од „Мојот син“ го покажа својот вистински татко!
Деновиве на ТВ Сител започна да се емитува турската серија „Мојот син“ во која главата улога ја имаат татко и син кои се борат да имаат нормален семеен однос кој за нив е невозможен.
Серијата во Турција се емитуваше од 2015 до 2017 година во две сезони, а сега и кај нас почнува да добива на гледаност. Слаткиот Атабер Мутлу ја игра улогата на синчето на полицаецот Појраз, Синан, кој очајно посакува да живее со татко си, но тоа не го дозволува неговиот дедо.

По прикажувањето на серијата Атабер има доста следбеници на социјалните мрежи, а од снимањето на серијата е доста променет, потпораснат и со очила за вид. Неодамна тој на целата јавност и го покажа својот вистински татко и напиша дека ништо на светот не може да ја замени татковската љубов. Од приложеното може да се забележи дека Синан и тоа како наликува на тато.


Ново на Сител
-

Партиски препукувања околу европската иднина на Македонија
-

Законот за правична застапеност во среда пред пратениците
-

„Пулс“ надвор од системот, ниту еден редовен ниту вонреден надзор на ДЗС
-

Во тек е постапка за вработување на пет инспектори во Инспекторат за употребата на Законот за македонски јазик
-

Преглед на вестите од светот
-

Гаши го презентише извештајот за неговата двегодишна работа
-

Идните наставници со зелена мисија
-

Спортските настани магнет за туристите
