Сладолед со марихуана во чест на Боб Марли
Малиот италијански град Аласи одлучи да и одаде почит на реге легендата Боб Марли на начин што ќе почне да продава сладоледи со вкус на канабис.
Креаторите на овој сладолед тврдат дека е вкусен и дека нуди добро чувство.
Егзотичниот сладолед ќе се најде во продавниците за сладолед во Аласи, град во Северна Италија. Производителите се надеваат дека нивните клиенти сладоледот ќе го пробаат веќе пред Нова Година.
Деликатесот, што во својата основа вкучува излупени семки од коноп, е создаден во соработка со „Канапа лигура“, локално здружение кое промовира здравствени бенефити од конопот.
Конопот соддржи бројни „корисни особини заради високото присуство на масни киселини кои се драгоцени во борбата и спречувањето на различните болести, вклучувајќи ги и артериосклерозата, холестеролот, остеоартритисот, респираторните болести, екцем и акни“, тврдат производителите.
Конопот или канабис одгледан во индустриски цели е рафиниран во производите како што се храната со семе од коноп, масло од коноп, восокот или горивото.
Написот за сладоледот од канабис здружението „Канапа лигура“ го сподели Фејсбук.
Меѓутоа, не сите експерименти со сладоледот од канабис се покажаа успешни. Во февруари, една двојка на Исланд, која го изела својот домашен сладолед од канабис била одведена во болница откако почнале да доживуваат халуцинации.
Ново на Сител
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште
-
Просечната плата помала за 5 евра, трошоците зголемени за 20 евра - синдикалната кошничка надмина 1.000 евра
-
Протест во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот