Свет
5. April 2018 - 13:43

Слабата домашна побарувачка се одрази врз германската индустрија

Слабата домашна потрошувачка се одрази лошо врз германската индустрија во текот на февруари. Побарувачката на домашни производи во Германија порасна само за 0,3 проценти, наспроти очекувањата на аналитичарите од раст од 1,5 проценти.

- Сепак, побарувачката треба да расте во идниот период, како што се крева глобалната економија, од каде очекуваме натамошна побарувачка за германски индустриски производи, соопшти Министерството за економија.