Бизнис
20. April 2018 - 19:54

Слаба искористеност на парите од програмата за рурален развој

Земјоделците користат само 30-тина проценти од средставта на програмата за рурален развој и тоа најчесто само за набавка на механизација.

Другите мерки не се воопшто искористени. Исто така само 3% од 800 испитаници истакнале дека во рамките на оваа програма аплицирале како здружение, најчесто сите аплициираат како поединци, за што пак добиваат и помалку пари.

Токму затоа здружението „Рурална коалиција“ планира да подготви нова програма за рурален развој по терк на земјоделците која ќе ги вклучува сите нивни потреби. Таа програма потоа за 2019 година ќе се доставела до Министерството за земјоделство.

„Ги користат само тие една – две меркии за механизација, преостанатите мерки остануваат неискористени, па затоа и се пренаменуваат средствата и завршуваат  на крај за сосема други цели, а иако може да прочитате дека еве за 2018 година имате на располагање 2 милијарди денари“, изјави Лилјана Јоноски, извршна директорка на „Рурална коалиција“ - Куманово.

Земјоделците признаваат дека не се доволно информирани за овие мерки и велат дека ваквите трибини се потребни да ги има многу повеќе.

„Не сме доволно информирани за новите програмии кои се нудат од страна на Министерството за земјоделство. Би сакал да бидеме позапознати и како здруженија да аплициираме за да може да ги искористиме тие средства“, кажа Дејан Бошкоски, здружение на пчелари „Братство“.

„Тие се добри програми бидејќи преку нив ние ја обновивме во голем процент земјоделската механизација. Овие средби ни помагаат да се запознаеме со новите програми“, Дејан Јовески, земјоделец.

Инаку оваа трибина во Прилеп е прва од предвидени трибини кои ќе се одржат во секој од 8-те плански региони во Македонија.