Слаба игра вредна победа за Атлетико
СПОРТ
Атлетико се мачеше со Ваљадолид – повратникот Витоло го речи мечот (Видео)
Објавено пред
12 часа
- 21 јуни, 2020
Од
Атлетико Мадрид и Ваљадолид ја затоврија саботната програма во Примера. На „Ванда Метрополитано“ фаворизираниот домаќин потешко од прогнозите успеа да забележи победа. Минималниот триумф од 1:0 го искачи Атлетико на делба на третата позиција со Севилја.
Атлетико доминираше во првиот дел меѓутоа никако не успеа да ја пробие добро организираната одбрана на гостите од „Зориља“. Ваљадолид имаше двое одлични шанси за гол во првиот дел ударот на Рубио го одбрани Облак, а Валдо од изгледна позиција шутираше крај голот.
Атлетико во првите 45 минути најсериозните закани ги имаше преку Алваро Мората и Жоао Феликс.
Во вториот дел Ваљадолид целосно го намали интензитетот на играта, Атлетико никако не успеваше да дојде до позиција да го загрози голот на противникот.
Томас Парти од 30 метри упати страше удар во 80 минута, а по корнерот Витоло кој на теренот влезе седум минути претходно успеа да ја искористи грешката на голманот Чурупи и да го постигне единствениот гол.
До крајот на мечот Диего Коста не успеа да постигне гол во ситуација кога излезе сам пред голманот на Ваљадолид.
Ново на Сител
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина
-
Стано: Косово мора да ја формира Заедницата на српски општини, во спротивно ќе има последици
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО