-->
-->
Слаб земјотрес регистриран во Северна Кореја
-->
Земјотрес со интензитте од 2,9 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во близина на местото каде Северна Кореја минатиот месец ја изврши најсилната нуклеарна проба.
Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот бил регистриран во 01:41 по локално време, на длабочина од пет километри.
- Ова се случи на подрачјето каде претходно Северна Кореја извршуваше нуклеарни проби. Настанот има карактеристики кои наликуваат на земјотрес, но сепак не можеме да изведеме сигурен заклучок за тоа дали е предизвикан од природна или човекова активност, наведува Американскиот геолошки институт.
Во исто време, Метеоролошката служба на Јужна Кореја соопшти дека „анализите покажуваат дека бил земјотрес, кој не придизвикал никаква штета“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето