Балкан
3. November 2017 - 18:20

Слаб земјотрес регистриран во БиХ

Земјотрес со интензитет од 4,1 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во поширокиот регион на Херцеговина.

Земјотресот е почувствуван и во Далмација и во централните делови на Босна и Херцеговина, вклучително и Сараево.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) епицентарот на земјотресот бил на девет километри јужно од Благај, на длабочина од два километри.