Loading Video...
Спорт плус
22. July 2019 - 16:41

Слаб настап на нашите пливачки на Мундиjалот во Гванжу

На СП во пливање што се одржува во Јужна Кореја, денеска настап на двајца македонски претставници. 
 
Во квалификациите трки на Светското првенство во Гванжу, денеска својот прв настап го имаа двете наши претставнички во женска конкуренција. 
 
Миа Крстевска во дициплината 100 метри грбно, исплива послабо 1 минута и 6 секунди, што е послаб резултат од нејзиното пријавеното време. Таа заврши како  49-то пласирана  од 63 пријавени натпреварувачки.
 
На 1.500 метри слободно Ева Петровска пливаше во време од 17.35:18 минути што беше најслаб резултат во квалификациите во кои настапија 29 натпреварувачки. 
 
Двете во петок ќе го имаат и својот втор настап, додека утре Филип Деркоски ќе плива 800 метри слободно, а првиот настап на Мундијалот ќе го има и Давор Петровски во дисциплината 200.м пеперутка. 
 
Игор Трпески