Македонија
8. јуни 2020 - 16:52

Слаб интерес за полагање испити на првиот ден од јунската испитна сесија

Наместо полни амфитеатри, на првиот ден од јунската испитна сесија, факултетите останаа празни, поради корона вирусот. Денес само професорите на правниот факултет Јустинијан Први, ги оценуваа своите студенти.

Дел од студентите кои ги затекнавме, зад камера ни објаснија дека дошле да завршат други обврски, а не да полагаат. Испити не пријавиле, бидејќи, биле загрижени за своето здравје.

Оние похрабрите, кои дојдоа на испит, во главно ги почитуваа мерките за заштита. Иако во просек за предмет имало по 40 пријавени, студентите ,велат дека во амфитеатрите имало услови за одржување на испит.

Од друга страна  пак, тројцата кандидати за ректор на УКИМ Петар Атанасов, Драги Димитриевски и Вуица Живковиќ, соопштија дека се принудени да ги поднесат своите програми затоа што денеска истекува рокот, а Универзитетската изборна комисија не го стопира конкурсот, иако Владата со Уредба за примена на Законот за високо образование од пред три дена ја стопираше постапката. По независниот академски синдикат и Антикорупциска, запирање на постапката за избор на нов ректор, побара и СОНК.