Македонија
24. March 2018 - 11:20

Сквернавење на гроб во Охрид

Вчера во 16 часот во Полициската станица Охрид од граѓанин било пријавено дека непознато лице врши оштетување верски објект-гроб на ул. „Гоце Делчев“ спроти Хајдар Пашина џамија.

Од извршениот увид било утврдено дека околу 15:50 часот непознатиот сторител ја искршил покривката од ќерамиди на Турбе (гроб на незнаен муслимански светец), по што побегнал.

Од преземените мерки било утврдено дека сторител на делото е Е.Ш.(38) од Охрид.

Тој бил пронајден, лишен од слобода и задржан во Полициската станица Охрид за понатамошна постапка.