Loading Video...
Ракомет
8. April 2020 - 19:08

Скубе замина за Белорусија

Се поголем е притисокот и врз ЕХФ да ја организира завршницата на Лигата на шампионите и останатите натпреварувања. Сите рокови се пробиени па во ракометниот свет се почесто се зборува за директна организација на завршниот фајнал фор без одигрување на осминафиналните и четвртфиналните дуели. 
Најцрното сценарио за европскиот првак Вардар е  да не се одиграат дуелите од следните две фази каде црвено-црните да потсетиме ги очекува најпрвин дуел со унгарскиот Пик Сегед, туку ЕХФ директно да организира фајнал – фор во Келн со учество на екипите кои беа најдобри во двете групи. 
И додека се очекува расплетот  уште еден стандарден првотимец го напушта македонскиот првак. Тоа е плејмејкерот Сташ Скубе кој конечно го стави постписот на договорот со тимот на Мешков Брест .  Словенецот од следната сезона ќе игра во Белорусија , една од ретките земји каде не мируваат спортските терени. 
„Среќен сум што потпишав за Мешков Брест. Гледам многу добар тим за следната сезона кој го подготвува овој клуб. Мислам дека ќе настапиме во Лигата на шампионите и дека ќе имаме добар резултат, а ова беше една од главните причини што се решив да потпишам“, вели Скубе.
Со тоа бројот на ракометари кои заминаа или заминуваат од Вардар се зголемува. Засега единствен оптимист останува Тимур Дибиров кој уште еднаш најави дека црвено-црните ќе направат нов, добар и моќен тим за наредната сезона.