Македонија
3. August 2016 - 10:11

СКСЗМ на средба со НВО од Скопје

Стопанска комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) и Фондацијата Албиз (Даути) денеска организираат средба со невладини организации од Скопје.

Средбата е во рамки на проектот  „Финансиска одржливост на НВО во соработка со бизнис секторот“, финансиран од Европската унија, а целта е создавање долгорочни ефективни партнерства меѓу невладините организации и бизнис секторот.

Како што соопшти Комората, пред присутните ќе бидат презентирани проектот и потенцијалната соработка меѓу деловниот и граѓанскиот сектор, по што ќе стане збор и за можностите за финансирање на активностите на НВО. Претставени ќе бидат и Законот за донации и спонзорства кој овозможува институционализација на соработката меѓу бизнис заедницата и невладиниот сектор, како и даночните олеснувања ако донирањето оди преку институциски канали.

Со проектот „Финансиска одржливост на НВО во соработка со бизнис секторот“ чија цел е одржливост на граѓанското општество преку зголемување на неговата финансиска независност, опфатени се Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Струга и Куманово.