СКСЗМ на средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидати за градоначалници од партијата
Стопанската комора на северозападна Македонија ги презентираше своите барања и предлози на средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидати за градоначалници од партијата.
Како што кажа првиот човек на комората, главните проблеми им се поврзани со претпријатијата под капата на Градот Скопје, за кои рече дека не функционираат како што треба.
„Исто така и за Индустриската зона Визбегово, имаме сериозни проблеми кои треба да се решат. Сигурно го видовте патот кога доаѓавте наваму и вие сте сведоци дека патот е за никаде - за една инсустриска зона со над 8 илјади вработени и која учествува во БДП со 7,5 проценти“ - Нихи Алиу, в.д. претседател на Стопанска комора на северозападна Македонија
Мицкоски ја оцени средбата како искрена и плодна. Најави дека приоритет ќе биде завршување на клучката кај момин поток и патот кон индустриската зона.
„Со право реагираат стопанствениците во овој дел на градот Скопје, бидејќи гледате во каква состојба е пристапот во оваа зона, се уште клучката до Момин поток е до никаде, а учеството на оваа зона во БДП е значително. Тоа ќе ни биде еден од врвните приротети, завршување на клучката и реконструкција на патот до зоната“ – Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Комората на северозападна Македонија минатата недела ги претстави своите проблеми на средба и со лидерот на СДСМ, Филипче.
-
Мартин Арсов
Сите содржини од овој новинар
