Македонија
4. July 2022 - 16:35

Скромен напредок во борбата со корупцијата констатира ГРЕКО

ГРЕКО забележува скромен напредок во борбата со корупција кај пратенците, судиите и јавните обвинители во земјава.

Во вториот по ред годишен извештај објавен денеска во Стразбур, организацијата на држави против корупција ги потсетува македонските власти на својата клучна препорака – министерот за правда да не биде член на Судскиот совет, за што се неопходни уставни измени. Ова е и единствената целосно неимплементирана забелешка на ГРЕКО.

Од останатите вкупно 19 препораки, 9 се имплементирани во задоволителна мера, а останатите 9 делумно.

За повеќето од препораките меѓународните набљудувачи од Македонија добиле одговор дека или се подготвуваат нови законски измени или се чека на имплементација на веќе донесените.

Кодексот за етичко однесување на пратениците според ГРЕКо е ветувачка иницијатива која треба да го подобри однесувањето на народните избраници во јавноста и да спречи корупција и конфликт на интереси во нивните редови, но забелешките се дека  овие документи треба да бидат појасни и да се почне со нивно спроведување, за што најголема вина има мандатно-имунитетната комисија.

И во овој извештај не изостанува загриженоста за политички притисоци при разрешување и устврдување дисциплинска одговорност на судии.

Етичкиот кодекс кој се однесува на јавните обвинители е позитивиен чекор, но за искоренување на корупцијата ГРЕКО бара посебен регистар за примање подароци од страна на јавните обвинители.

И натаму загрижува ненавременото известување за имотната состојба за јавните функцонери, за што ГРЕКО и дава рок на Македонија до крајот на март следната година за имплеметација на сите забелешки и преораки.